Дали е ова најболната шега на сите времиња?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Полицијата е во плат да ги уапси двајцата (популарно наречени) „пранкстери“, односно двајца реализатори на невкусната шега која ја направија во еден ресторан во Филаделфија.

Снимката од жестоката местенка која двете лица ја направија во ресторанот Terakawa Ramen, во меѓувреме, беше избришана. На неа можеше да се види како гостите панично вриштат откако едниот тип влета во ресторанот со маица цела во крв, а по него втрча и вториот „шегаџија“ кој викаше нешто на арапски и го напаѓаше првиот.

Луѓето бегаа и вриштеа во паника, сè додека не им беше откриено дека сето тоа е само (исклучително глупава) шега. Видеото на социјалните мрежи го објави комичарот кој се потпишува како FunniestNPhilly. За полицијата снимката воопшто не беше смешна. Истата, иако беше избришана, ќе биде користена како доказ од надлежните полициски служби.

„Не знаев дали има нож или пиштол, се фрлив на подот под маса, бидејќи бев на само еден метар од крвавиот маж кој втрча“, изјави Леа Чен, една од гостите во ресторанот.

„Беше премногу реално. Независно дали беше шега или не, со тоа ги загрозија животите од останатите луѓе и воопшто не беше смешно“, додаде таа.

Двајцата типови можат да бидат обвинети за ризикување несреќа и ширење лажни вести.