Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Играчите на Реал Мадрид синоќа пласманот во финалето го прославија со специјално изработени маици.
„Кралевите“ го елиминираа Баерн Минхен со конечен резултат 4:3, а после завршувањето на мечот сите фудбалери облекоа маичка на која пишуваше: „Кон 13-тата“.
Hemos hecho historia.
Ahora queremos ser leyenda.
We wrote history again.
Now we want to become legends.#APorLa13 #HalaMadrid pic.twitter.com/LbakCmBwTp— Sergio Ramos (@SergioRamos) May 1, 2018
Реал Мадрид се пласира во третото последователно финале и општо четврто во последните пет години во Лигата на шампиони.
Со 12 освоени трофеи во ова натпреварување, шпанскиот гигант е најтрофеен, а судејќи по маичките сигурно ја очекуваат и 13-та титула на 26-ти мај во Киев.