Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Белгискиот министерот за правда и потпретседател на владата, Коен Гинс, посетил една кројачница во Вијгмал, каде волонтерите доброволно изработиле 35.000 заштитни маски од ткаенина за да ѝ помогнат на државата во борбата со коронавирусот.
Но, изгледа дека Гинс досега нема ставено маска, а за тоа колку треба да си паметен за да видиш како тие околу тебе ја носат, еве, не знаеме што да, речеме.
Dames en heren, de vicepremier van België! pic.twitter.com/WyFqg2e8hY
— Bas Toemen (@BasToemen) May 1, 2020
„Дами и господа, белгискиот потпретседател на владата”, напишал Бас Тоемен покрај снимката која досега ја погледнале повеќе од 4,3 милиони луѓе.
„Во сите земји е исто, најбескорисни се оние кои владеат со земјата”, „Политичарите во Белгија се полоши и од оние во Шпанија. Неверојатно”, коментирале корисниците на Твитер.