Дали домашно изработените маски ефикасно штитат од коронавирусот?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Со рапидно ширње на пандемијата на коронавирусот, експресно се намалуваше залихата на заштитни маски Н95 во светски рамки, кои до скоро беа користени за заштита од штетни честички на смог, прашина и слично, пренесува ТВ21.

Залихите на заштитни средства во САД полека ги снемува, па многу граѓани се приморани сами да се снаоѓаат, пишува USA Today.

Милиони Американци шијат заштитни маски од рециклирани ткаенини и други материјали. Експертите велат дека овие алтернативни методи не се доволно ефикасни, но можат да спречат ширење на поединечни микроби.

„Единствена маска која Центарот за контрола и превенција на болести на САД ја признава како ефикасно заштитно средство е маската Н95. Сите други направени во домашни услови може да служат како заштита од допирање на лицето. Во текот на кашлање или кивање вирусот поминува дистанца од околу шест метри. Ако сте здрави, маската не е од посебно значење за спречување на болести. Сите кои чувствуваат симптоми, би требало да останат дома“, вели помошникот на Националната гарда на Њујорк, Мајкл Дојл.

Центарот за контрола и превенција од болести на САД советува дека најдобрата превенција за заштита е спречување на изложеност на вирусот. Тоа пред се се однесува на директни контакти меѓу луѓе и социјална дистанца. Исто така, би требало да избегнувате допирање на носот, устата и очите, а една од најзначајните мерки на превенција е токму миењето на раце со топла вода и сапун најмалку 20 секунди.

Овие се маски кои се придржуваат кон лицето и филтрираат најмалку 95% од мали и големи честички во воздухот. Тие се препорачуваат за употреба од страна на здравствени работници кои се борат со коронавирус. Управата за храна и лекови на САД наведува дека оваа маска не гарантира целосна заштита од инфекција дури и кога е соодветно поставена.

Маските кои граѓаните сами ги изработуваат потсетуваат на хирушки, но не ги задоволуваат Н95 стандадите.

„Маската има улога да го контролира ширењето на вирусот и контаминацијата на околината во текот на кашлање и кивање. Пациентите кај кој е потврдена болеста и се сомневаат дека имаат Ковид-19 мораат да носат заштитни маски се додека не влезат во изолација“

Центарот за контрола и превенција од болести советува дека здравите лица не мораат да носат маска, освен ако се грижат за болни.

„Заштитните маски би требало да ги зачувате, бидејќи се потребни на медицинските работници“, стои во изјавата од организацијата.

Маските Н95 стануваат дефицитна стока во САД. Нивните цени постојано растат, а официјалните лица работат напорно за да создадат материјали што се неопходни за медицинскиот персонал во болниците низ целата земја.

Помош на приватните компании

Некои текстилни компании во САД произведуваат ткаенини, а купувачите кои сакаат да шијат маски можат да ги донираат на здравствените установи. Компанијата „JOAAN“ објави и туторијал за правилната метода околу составувањето на маски.

Непрофитната организација „Flagstaff“ користи рециклирани материјали за изработка на маски. Активни се и малите семејни компании кои шијат маски и бесплатно ги делат на здравствените работници. Службениците во Аризона изјавиле дека поединечни здравствени работници нема да добијат маски, затоа што не се ризична група.

Сопственикот на една работилница одлучил да започне производство за изработка на маски, откако дознал дека медицинските лица на интензивна нега наместо маски користат марами.

“Ние правиме трислојни маски од памучна ткаенина што може да се перат и да се употребуваат. Тие се користат кога нема N95 или хируршки маски”, објаснува портпаролот на компанијата Мет Хол.

Модниот дизајнер Кристијан Сириано ќе работи на заштитна опрема неопходна за борба против епидемијата.

USA Today пишува дека Федералната агенција за управување со вонредни состојби има резерви на маски N95, така што нивната дистрибуција во земјите каде што им е најпотребна започна. Многу локални болници стравуваат дека залихите ќе ги снема.

Медицинските работници ќе носат хируршки маски кои не можат целосно да го филтрираат или блокираат ширењето на мали честички во воздухот по кашлање и кивање.

Бројот на заразени со коронавирус во САД се искачи на 46.168, а 582 починаа.