Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Откако јавно се откри дека 47-годишниот холивудски актер и еден од најпосакуваните ергени на светот Леонардо ди Каприо стави крај на четиригодишната врска со актерката и манекенка Камила Мороне (25), почнаа гласини дека тој веќе има нова девојка.
ДиКаприо е снимен во друштво на 22-годишната Марија Берегова на забава во Сент Тропе. Фотографиите ги објави Дејли Меил, кој наведува дека се работи за Украинка која неодамна се развела од Ахмед Масуд Абделхафид, кој раководи со голема модна империја во Монако и е внук на министерот за внатрешни работи и поддржувач на Гадафи.
Марија објавила неколку фотографии од Сент Тропе и покажала луксузна соба во вилата каде ноќевање чини 1.220 долари.
Марија има украинско потекло, пораснала во Швајцарија, а моментално живее во Лондон, каде се подготвува да го преземе раководството на фармацевтската компанија на нејзиното семејство.
За потсетување, извори за магазинот People потврдиле дека Леонардо и Камила раскинале, но причината за раскинувањето не е позната. Тие раскинале само два месеци откако таа наполни 25 години, а медиумите веќе подолго време пишуваат дека актерот има тенденција да излегува со девојки кои се помлади од 25 години.
„Проклетството на девојките на Ди Каприо“ пред неколку години го забележал корисник на Редит и објавил графикон на кој се гледа дека оскаровецот никогаш не бил во врска со девојка постара од 25 години, а ова сега ѝ се случило на Камила, со која бил во врска четири години.