Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Десетмина претседателски електори – лицата кои на 19 декември би требало да гласаат за Доналд Трамп за нов претседател на САД – побараа извештај од американските разузнавачки служби за сите истраги кои го поврзуваат Трамп со Русија.
Деветмина демократи и еден републиканец испратија отворено писмо до шефот на разузнавачите, Џејмс Клапер, во кое инсистираат да добијат релевантни информации пред датумот што е предвиден за гласање.
Сакаме да чуеме од заедницата на разузнавачи дали постојат отворени истраги за врските меѓу Доналд Трамп, неговата кампања или соработниците, и мешањето на руските власти во американските избори, колку се опширни истрагите, до каде стигнале, кој е вклучен во нив, се наведува во писмото.
Бараме извештај за се што е откриено, затоа што се работи за прашања кои директно влијаат врз клучните фактори во нашето размислување дали Трамп може да служи како претседател на САД.
Ова писмо е пратено еден ден откако два демократски конгресмени му предложија на електорската група да размислат за блокирање на изборот на Трамп.
Вкупно 538 електори ќе се сретнат на 19 декември во главните градови на своите сојузни држави, и ќе поднесат службени гласови за претседател.
Трамп го освои мнозинството гласови во држави кои даваат 306 електори, а Клинтон обезбеди мнозинство во држави кои даваат 232 електори.
Политичарите кои се обидуваат да го спречат изборот на Доналд Трамп, се обидуваат да убедат најмалку 37 републикански електори да му свртат грб на Трамп, со што би се спречил неговиот избор, а конечната одлука би се пратила на решавање во Конгресот.