Дали денешен велосипедист може да извози и преживее една брутална етапа од Тур де Франс 1903


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Да, прашањето кое е поставено како предизвик за двајцата велосипедисти е токму така конструирано – да извози и да преживее една етапа од првото издание на денес најпопуларната ултрамаратонска велосипедска трка Тур де Франс од 1903 година. Зошто „дали може да преживее“? Бруталноста е во бројките.

Првото издание се вози во 6 етапи во кои требало да бидат покриени 2.428 километри, или околу 400 километри по етапа. Денес има 21 етапа / 23 дена, етапите се далеку пократки, но вкупната должина на турата е подолга.

За разлика од денешните ултралесни најсовремени и најнови велосипедски модели кои ги возат велосипедистите на Тур де Франс, на почетоците од трката се возело на велосипеди што се најблиску до…поштарски точак. За опремата да не правиме муабет. А за екипната поддршка и тимовите кои со автомобили ги следат денес „бајкерите“ – за тоа не доаѓа во предвид ни да се помисли.

Еве го видеото за обидот на двајца велосипедисти да „измаваат“ една етапа од Тур де Франс од 1903 година.