Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Берлинскиот мост Јановиц, кој е позициониран ниско над реката Шпре, деновиве се најде во центарот на вниманието на социјалните мрежи поради еден бизарен настан.
Интересната и бизарна случка ја раскажаа припадниците на берлинската противпожарна станица. Имено, еден маж повредил четири лица уринирајќи од споменатиот мост.
Во петокот вечерта, неидентификуван маж уринирал од мостот Јановиц во моментот кога под мостот пловел туристички брод по реката Шпре, пренесува ВВС. Дел од луѓето кои се наоѓале во бродот ненадејно скокнале во моментот кога врз нив почнала да паѓа урината, па при скокот ги удриле главите во нискиот мост.
Четири лица од патниците на туристичкото бротче биле пренесени во болница поради повреди на главите. Не се знае дали типот бил уапсен или парично казнет. Голем број Берлинци се згрозени од овој немил настан, а сето тоа не големо се коментира на социалните мрежи.
Една Твитер корисничка на оваа социјална мрежа напиша: „Животните во зоолошка градина подобро се однесуваат“.