Home Живот и здравје Дали бракот го продолжува очекуваниот животен век?

Дали бракот го продолжува очекуваниот животен век?

Одлуката за стапување во брак не треба да се донесе лесно.

Постојат многу нешта што треба да се разгледаат пред тоа, за да се утврди дали тоа е вистинската одлука за вас. Дали е подобро да градите заедничка иднина со некого или ќе се снајдете сосема добро и сами? Овие дилеми мачат многумина, особено затоа што модерниот живот сè повеќе го исклучува бракот од равенката кога станува збор за љубовта.

КОЈ ЌЕ СЕ ГРИЖИ ЗА ВАС КОГА ЌЕ ОСТАРИТЕ?

Почнувајќи од ова, многумина сметаат дека основната улога на брачниот партнер е да се грижи за вас кога годините ќе го направат своето. Но, дали бракот навистина ја има таа моќ да го продолжи очекуваниот животен век?
Биле спроведени многубројни истражувања на оваа тема, а во наредните редови ќе откриеме до какви заклучоци се дошло.

Бракот бил еден од првите небилошки фактори идентификувани како начин за продолжување на очекуваниот животен век. Објаснувањето зад ова е дека луѓето во брак имаат тенденција да преземаат помалку ризици кога станува збор за нивното здравје, односно дека нивното ментално и физичко здравје е на повисоко ниво во споредба со оние кои се сами.
Бракот, меѓу другото, овозможува и поголема социјална и материјална поддршка, што значи дека секогаш ќе има некој кој ќе ве однесе на лекар кога не сте во состојба сами да го направите тоа, како и да се грижи за вас кога сте болни.

Сепак, поновите истражувања покажуваат дека разликата помеѓу оженетите/маженетите и самците, барем во однос на здравјето, значително се намалува. Причина за тоа е што дефиницијата на бракот се менува и што самците наоѓаат други начини да се грижат за себе.

ПРОМЕНЛИВАТА ПРИРОДА НА БРАКОТ И ОЧЕКУВАНИОТ ЖИВОТЕН ВЕК

Никој не тврди дека парчето хартија што докажува дека сте во брак нужно ќе ви го продолжи животот. Сепак, постои нешто кај луѓето што се во брак што позитивно влијае на очекуваниот животен век, или поточно – постоело нешто кај луѓето кои живееле во 70-тите години.

Денес, пак, двајца луѓе можат да се сметаат за самци, но да живеат заедно и да ги имаат сите предности на бракот, без официјален документ. Ова во голема мера ги комплицира истражувањата за врската помеѓу бракот и здравјето.

БИТИ САМ МОЖЕ ДА БИДЕ ЗДРАВО

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои се сами, особено мажите, денес живеат значително подолго отколку пред неколку децении. Во минатото, неженетите мажи имале значително понизок очекуван животен век, но денес се многу поблиску до оние што се во брак.

Стручњаците сметаат дека оваа разлика се намалува затоа што денес самците имаат пристап до поддршка и здравствени ресурси што во минатото им биле достапни само на мажите чии сопруги се грижеле за нив. Денес мажите се многу поодговорни кога станува збор за нивното здравје и значително помалку се потпираат на жените за поддршка.

ЗОШТО ГУБЕЊЕТО НА БРАЧНИОТ ПАРТНЕР ГО СКРАТУВА ЖИВОТОТ?

Губењето на саканата личност е неверојатно болно. Некој со кого сте поминале најголем дел од животот повеќе не е тука, и тоа е нешто што повеќето луѓе тешко го поднесуваат.

Истражувањата покажуваат дека вдовците и вдовиците имаат значително полоша здравствена состојба во споредба со луѓето кои никогаш не биле во брак. Дополнително, во последните неколку години, здравјето на вдовците уште повеќе се влошило. Не постои целосно јасно објаснување зошто е тоа така, но се претпоставува дека денешните вдовци се поповлечени од општеството во споредба со минатото.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Предности на лиметата за вашето здравје

Предности на лиметата за вашето здравје Сите знаеме колку се зборува за агрумите кога ќе н…