Нобел

Дали би купиле „смартфон“ со 16 камери?

Откако LG го претстави својот V40 ThinQ со пет камери, многумина сметаа дека тоа е веќе претеризам, но корејската компанија очигледно не само што не мисли на иста линија, туку реши да отиде и чекор (или неколку чекори) понатаму.

Зошто? Бидејќи веќе работат на „гаџет“ со дури 16 камери кои би ги распоредиле во мрежа од 4х4 леќи.

Намерата им е да дизајнираат камера која би снимила еден кадар од различни агли, што ќе овозможи 3D снимање и манипулација со фотографијата. Еден од примерите за таква манипулација би било поместувањето, ротирањето или бришењето на лица и предмети кои се наоѓаат во кадарот.

Освен тоа, би можеле да комбинирате различни делови од повеќе фотографии и склопување на една совршена.

Моментално станува збор само за патент и не е познато дали и кога LG ќе лансира таков паметен телефон на пазарот. Но, судејќи според трендовите (Samsung има „смартфон“ со 4, а Nokia со пет леќи), не би не изненадило ако од LG се одлучат да го направат овој чекор (или неколку чекори) подалеку од споменатата конкуренција.

Или предалеку.

Најпопуларно

To Top