Дали би го пробале ова? – Австралија со комплетно нов вид на кафе


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во Австралија се појави потполно нов вид на кафе. Имено, производителите направија прашок од брокула кој може да се додаде во кафето.

Едно кафуле во Мелбурн веќе во внесе кафето со брокула во својата понуда. Експертите велат дека брокулата во прав може да се користи и на друг начин. Имено, оваа супер храна може да се додаде во супа, печење или смути.

Иако кафето со брокула не звучи многу примамливо, оние кои го перобале велат дека зеленчукот воопшто не се чувствува. Прашокот обично се додава во еспресо со топло млеко.

Според најновите истражувања, 51% од Австралијанеците не јадат од препорачаната дневна количина зеленчук и овошје. Мериен Августин инаку научник, тврди дека две лажици од правот од боркула е еднаква на една порција зеленчук.

Вкусот на боркулата не му е секому драг, а на некои луѓе не им се допаѓа ниту изгледот, па не сакаат да ја јадат.

Токму поради тоа, многу зеленчук завршува во отпад. Конзумацијата на брокулата во прав би можела да го спречи што поголемото пропаѓање и фрлање на храната.

Со оглед на тоа дека брокулата е богата со хранливи материјали, како што се витаминот Б, магнезиум, калиум и цинк, овој прав би можел да има позитивно влијание на здравјето.

Многу истражувања покажаа дека брокулата е важен дел од превенцијата и лечењето на разните видови карцином. Тој се користи за намалување на холестеролот, штити од болести на срцето и го регулира крвниот притисок.