Дали би дале 25.000 евра за две дињи?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Добро, ако ги прашате Јапонците, не баш за било какви две дињи.

Два примероци од „јубари“ дињи, овошје кое е многу ценето во Јапонија, беа продадени се за рекордна сума од 3,2 милиони јена (повеќе од 25.000 евра) на аукција во Сапоро.

Таа сума, која во Јапонија е доволна за да се купи нов автомобил, надмина три милиони јени колку што за две дињи биле платени пред две години. Аукциската продажба на дињи во Јапонија секогаш е можноста за соборување на рекорди.

Ова се првите овогодишни дињи од сортата „јубари“, а ги купи локалната фирма за пакување на овошје.

„Јубари дињите добро растат оваа година бидејќи од почетокот на мај имаше доста сончеви часови“ – изјави еден официјален претставник.

Јапонците имаат култ кон луксузното овошје, а „јубари“ дињата, која расте на Хокаидо и е заштитен производ, преставува вреден подарок, нешто слично на некое добро вино.

И обичното овошје во Јапонија е прилично скапо.