Дали беше за црвен: Мажиќ загуби контрола во судењето на финалето од Купот на конфедерации (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Милорад Мажиќ, најдобриот српски фудбалски судија, имаше чест да го суди финалето на Купот на конфедерации во Русија во кое играа Германија и Чиле. Но, славниот арбитар се увери дека таа чест си има и своја цена.

Својот медал за одсуденото финале Мажиќ го прими проследен со многу свирежи поради лабилните одлуки во тензичното финале во кое Германија славеше со 1:0, со погодок после грешката на чилеанскиот одбранбен играч.

После солидниот прв дел во кој беше речиси невидлив, Мажиќ кон крајот на натпреварот почна да губи контрола. Првиот поголем инцидент се случи во 59-та минута, кога за малку ќе се степаа Џошуа Кимих и Артуро Видал, соиграчите од Баерн Минхен. Се вмешаа и други играчи, па и самиот Мажиќ, но набрзо ситуацијата се смири и Мажиќ покажа разбирање поштедувајќи ги од најстрогата казна двајцата играчи, давајќи им само жолти картони.

Во тој момент Чиле го бркаше заостанувањето, играчите стануваа сè понервозни, а прекршоците сè поостри. Во 65-та минута дојде до најспорниот момент на натпреварот.

Гонзало Јара со брутален удар со лакот го сруши на земја Вернер, а Мажиќ не го виде добро инцидентот, па одлучи да го искористи новото правило од ФИФА и да ја погледа видео снимката. После консултациите се врати и покажа само жолт картон, на општо изненадување на публиката и гледачите, кои Мажиќ го „распнаа“ со критички коментари на социјалните мрежи. Еве го спорниот момент, а вие сами одлучете дали српскиот арбитар требаше да досуди најстрога казна.