Дали Apple работи на сопствен интернет пребарувач?


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Достапните информации од оваа сфера во годините наназад велат дека Google инвестира милијарди долари за да остане стандарден веб прелистувач на пребарувачот Safari на Apple Но, таа соработка, сепак, може да заврши, ако се верува на шпекулациите дека Apple го започнал развојот на својот пребарувач.

Притисокот од европските регулатори, за кој е потребно Apple да им дозволи на корисниците за да го изберат преферираниот прелистувач при користење на Safari, ги „затегнаа“ односите со Google, како и „зреењето“ на Siri и iCloud технологиите, може да го охрабрат Apple да се развива и на пазарот да понуди своја алатка за пребарување.

Според технолошкиот блог Coywolf News, може да има неколку мотиви за таков потег. Како прво, Apple, како највредна компанија на светскиот пазар, нема многу корист од досегашната соработка со Google. Друга причина е зголемената побарувачка на Apple за софтверски инженери специјализирани за технологии за пребарување и големиот број огласи за работа што оваа компанија ги објави неодамна. Конечно, „веб-роботот“ на Applebot беше ажуриран во јули, а сопствениците на страници ја забележуваат зголемената активност.

Судејќи според описите на работните места на инженерите кои Apple има намера да ги ангажира, пребарувачот на Apple може да функционира како персонализирана колекција на податоци, слична на Google Assistant на Android, но (барем првично) без реклами. Придобивките од ваквиот модел за Apple би биле: ослабување на доминацијата на Google во полето за пребарување и намалување на неговиот капацитет за заработка преку рекламирање и барање податоци; промовирање на услуги и производи на Apple; дополнително „заклучување“ на корисниците во системот на Apple, пишува.

Доколку потенцијалниот пребарувач на „Епл“ ја види светлината на денот, специјалистите за оптимизација треба да се прилагодат и да ја оптимизираат содржината на страниците. Со оглед на претходната документација на Applebot, тактиката ќе остане иста, но може да има различни можности од Google и другите сегашни алатки за пребарување.