Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Албанската Агенција за електронски и поштенски комуникации (АКЕП) завчера им дадетридневен рок на вработените во 44 онлајн медиуми да извадат даночен број и да го објават на веб-страницата. Овој потег иницираше нов бран остри реакции од новинарската фела за притисок на власта врз медиумите. Наведените онлајн-медиуми се во најголем дел критичари на власта, пренесува Мета.
Голем дел од замерките дека станува збор за политичка пресметка содржат и обвинување тврдат дека новиот потег на регулаторната агенција е незаконски, и покрај тврдењето во известувањето од АКЕП дека тоа е „во согласност со законските и регулаторните рамки“.
Заострувањето го најави албанскиот премиер Еди Рама во средата, кога преку својот Твитер-профил порача дека „порталите“ треба да се „легализираат“ преку регистрација кај даночните власти, како дел од акцијата против „клеветата“. Рама рече дека сака да постигне „урбанизација на онлајн-џунглата“. Во друг твит тој порача дека сите портали ќе добијат тужби ако објавуваат лажни вести и парите што ќе треба да ги платат ќе се наменуваат за детски градинки.
На списокот на „повиканите“ е и „Reporter.al“, албанскиот партнер на БИРН, кој редовно објавуваше истражувачки стории за владина корупција. Наведен е и „Exit.al“, еден од опозициските портали, кој често пишува не само против владата, туку и против меѓународните организации присутни во Албанија.