Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Дел од синдикатите, односно оние синдикати кои се потписници на Повелбата за солидарност, денеска се спротивставија на идејата вицепремиер за економски прашања да биде претставник од бизнис заедницата. Според нив, сите влади кои ги имала независна Македонија биле на страната на бизнисот, а ваквата про бизнис ориентација била особено изразена за време на изминатите 11 години и не донела ништо добро.
Според Здравко Савески од Левица, поставувањето на претставник на крупниот капитал за вицепремиер за економски прашања и, следствено, за личност кој ќе ги држи уздите на економската политика на новата влада, претставува веќе видена работа која завршуваше со водење политика на штета на обичниот народ во Македонија.
Ако на СДСМ воопшто му значи нешто социјалдемократската идеологија која наводно ја застапува, во најмала рака треба да бара решенија на линија на социјалното партнерство и да се држи неутрално во однос на социјалниот судир помеѓу трудот и капиталот. А ако одбира страна, тоа да биде страната на трудот, а не на капиталот. Ако СДСМ инсистира вицепремиер за економска политика да биде претставник на крупниот капитал, тогаш треба да делегира вицепремиерска позиција и за претставниците на трудот, за синдикатите. Или, барем, синдикатите да го добијат Министерството за труд и социјална политика. За да има директен линк помеѓу работниците и новата влада, исто онака како што претставниците на капиталот бараат директен линк помеѓу бизнис заедницата и новата влада, вели Савески.
Ова е предлог на Левица, а Савески вели дека и стојат на располагање на СДСМ за подетално образложување зошто сметаат дека треба да имаат поизбалансирана позиција во однос на предлогот да ја продолжат практиката вицепремиер за економска политика да биде претставник на крупниот капитал.
Се уште не е дефинирано дали вицепремиерското место за економски прашања ќе му припадне на претставник на бизнис заедницата, а Стопанската комора на Македонија веќе и официјално го предложи бизнисменот Кочо Анѓушев за кандидат за заменик-претседател на владата задолжен за економски прашања. Според нив, Анѓушев на оваа позиција во владата ќе даде значаен придонес во унапредувањето на деловната клима во државата и секогаш ќе се раководи од начелото на задолжителна консултација со бизнис-заедницата за сите клучни прашања што ги засегаат.