Дајана знаела за тајната врска на Чарлс со Камила уште пред бракот со принцот?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На неколку дена пред славната кралска венчавка меѓу принцот Чарлс и принцезата Дајана, во 1981 година, лејди Ди дознала дека тој има тајна љубовна врска со Камила. Сепак, решила да застане на венчалниот олтар со него и покрај тоа сознание, а причината за тоа веројатно ќе остане тајна.

Вечерта пред венчавката, идните сопружници ја минале одвоени, а тој ѝ испратил емотивна порака. Содржината на пораката ја открива кралскиот биограф Пени Џуниор.

„Многу сум горд на тебе, и кога ќе дојдеш утре пред олтарот, ќе бидам таму за тебе. Само погледни ги в очи и убиj ги со поглед“, вели принцот Чарлс во пораката.

За жал, нивниот брак не траеше долго, а љубовта на принцот со Камила трае и денес.