Home Живот и здравје Daily Mail: Мажите не сакаат слабички жени – еве какви преферираат

Daily Mail: Мажите не сакаат слабички жени – еве какви преферираат

Британскиот весник Daily Mail неодамна спроведе мало истражување за да добие одговор на вечото прашање: Каква форма на женско тело најмногу ги привлекува мажите?

Со експанзијата крупни модели, на што пред се може да и се заблагодари на познатата манекенка, Ешли Грахам, во прв план дојдоа облините, но се уште е врежано мислењето дека мажите сепак сакаат слаби жени. Па која е вистината?

Во истражувањето учествувале три жени со различни градби: едната имала мал вишок на килограми, другата била слаба, а третата била атлетски градена. Сите три истовремено морале да застанат пред групата мажи кои носеле детектори кои забележувале на која дама најдолго им се задржал погледот, односно вниманието.

Резултатите го открија следното: 36 отсто од мажите погледот најдолго го задржале на жената со облини, 35 проценти од нив на онаа со атлетска градба, а 29 отсто на слабата.

Со тоа јасно е дека ерата на слаби жени официјално е зад нас, што е добро да се слушне, бидејќи „твиги“ изгледот испраќаше целосно погрешна порака до девојчињата и жените од целиот свет, кои не можејќи да постигнат таков изглед често се чувствуваа недоволно сакани.

Вчитај повеќе поврзани статии

Check Also

Најдобри народни лекови против пролетни алергии

Најдобрите домашни лекови за пролетни алергии Пролетта е прекрасно годишно време кое ни но…