Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Британскиот медиум Daily Mail упати извинување до првата дама на САД, Меланија Трамп, поради текстот кој го објавија, а во кој наведуваат лажни факти за нејзината работа како професионален модел и склучија спогодба во која се обврзаа да исплатат 2,9 милиони долари има име на Меланија како обештетување поради клевета.
„Признаваме дека овие податоци за госпоѓа Трамп не се вистина и ја повлековме статијата. Се извинуваме на госпоѓа Трамп поради непријатностите кои ги предизвика нашиот напис“, наведоа од медиумот.
Меланија го тужеше Daily Mail во септември, минатата година, и бараше обештетување од 150 милиони долари. Овој медиум го тужеше и во САД и во Велика Британија.
Daily Mail тогаш пишуваше дека Меланија работела како ескорт дама. Нејзините адвокати наведоа дека првата дама на САД имала многу шанси во животот да заработи пари, при што посебно наведуваат дека работела како професионален модел, а и во секторот за односи со јавноста и дека иницирала неколку брендирани производи од кои секој заработил повеќе од милион долари.
Адвокатскиот тим ги прецизираше дури и категориите на производи кои ги иницираше Меланија, наведувајќи дека станува збор за облека, прибор, накит, козметика, парфеми и препарати за коса.