Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со подемот на национализмот и обидите за проусташки ревизионизам, Хрватска стана „проблематичното дете“ на Европската Унија, оценува норвешкиот весник „Дагсависен“ во текст по наслов „Хрватските духови“.
Весникот наведува дека хрватските националисти манифестираат непријателско расположение кон бегалците, ЛГБТ популацијата, независните новинари, уметниците, активистите за заштита на човековите права и кон сите оние кои се поинакви или мислат поинаку.
Хрватска има нерешени гранични прашања со речиси сите соседи, но она што е поважно Хрватите имаат проблем со недостиг во соочувањето со минатото и со состојбата со човековите права, додава норвешкиот весник.
„Дагсависен“ наведува дека во Хрватска јакнат силите кои сакаат да го ревидираат минатото и да „ја амнестираат Независната Држава Хрватска (ХДХ), која била фашистичка творба, што ја поддржувала нацистичка Германија за време на Втората светска војна“.
Според весникот, националистите и веоните ветерани ги поистоветуваат НДХ и борбата за независност на Хрватска од 90-те години на минатиот век, па не е изненадување што и денес во земјата се користи усташкиот поздрав „За дом спремни“.
– Тоа е борба на која не и се гледа крајот и реалност која мораат да ја земат пред вид сите хрватски политички лидери, заклучува весникот.
Според „Дагсависен“, националистичките сили во Хрватска манифестираат „гадење кон оние што сакаат помирување и решавање на хрватските воени злосторства“, при што ја користат реториката на омраза како средство за хомогенизација на земјата.
– Католичката црква е клучен актер во таквата националистичка политика, што посебно стана видливо при ратификацијата на Истанбулската конвенција за спречување и борба против насилството врз жените и во семејството, заклучува норвешкиот весник.
Извор: Локално