Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бразилскиот репрезентативец Даглас Коста призна дека на крајот на сезоната може да го напушто Баерн Минхен и дека интерес за него покажале клубови од Англија, Шпанија и Франција.
Даглас Коста во својата прва сезона на „Алијанц Арената“ беше брилјантен, но оваа сезона не игра на своето препознатливо ниво, најмногу поради фактот што го пропушти стартот поради повреда.
Тој порача дека не размислува за напуштање на Баерн Минхен, но и дека постои можност да ја промени средината на крајот на сезоната.
„Не сакам да го напуштам Баерн. Сакам да освојувам титули со овој клуб и мислам дека тука може да биде врвот на мојата кариера. Овде сум веќе година и пол. Се прилагодив, го запознав градот, го научив јазикот. Сепак, никогаш не можете да знаете што носи иднината“, порача Даглас Коста.
„Не би сакал да споменувам имиња, но имам контакт со некои клубови од Шпанија, Франција и Англија. Имам договор со Баерн до 2020-та. Фудбалот е бизнис и таа екипа која што ќе сака да ме ангажира, ќе мора да им плати на Баерн“, додаде Бразилецот.