Даенерис и Сноу за контроверзната секс сцена: „Мислам дека знаат оти е погрешно“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Откако Џон Сноу и Кралицата на змејовите се посексаа, за сцената за која на големо коментира целата армија фанови на серијата проговорија и актерите кои ги играат споменатите улоги.

Секс сцената помеѓу Даенерис Таргарјен и Џон Сноу од последната епизода од седмата сезона на Game of Thrones и понатаму предизвикува контроверзии.

Освен што многумина навиваат за таквиот развој на настаните, истата сцена кај многумина предизвика незадоволство Имено, Даенерис и Џон се тетка и внук, па нивното препуштање на страстите е инцест.


За сцената проговорија и актерите Кит Харингтон и Емилија Кларк, кои ги играат споменатите ликови.

„За нас актерите тоа е многу чудно. Фактот дека се во сродство, не знам како ќе го прифатат тоа луѓето. Мислам дека генералната реакција ќе биде повраќање“, изјави Кларк.

Ниту Кит не е оптимист.

„Мислам дека и двајцата знаат оти тоа е погрешно и дека ќе предизвика проблеми. Но, станува збор за тоа дека кога еднаш ќе почувствуваш нешто силно спрема некој друг и заедно преживувате сешто, не можеш да го запреш тоа што ќе се случи помеѓу вас. Тоа е како забрзан воз“, изјави Харингтон, додавајќи дека му било мачно да ја гледа таа сцена.