Дачиќ порачува: Србија може да го смени ставот за името на Македонија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, порача дека Србија би можела да ја смени својата позиција за прашањето за името на Македонија.

„Ако Македонија навистина гласа за прием на Косово во УНЕСКО, иако е свесна колку тоа ги погодува Србија и српскиот народ, ќе му предложам на претседателот Вучиќ, Србија во однос на името под кое ние ја признавме Македонија, исто така како и оние за Косово во УНЕСКО, да ја има предвид позицијата на Европската Унија“, рече Дачиќ за агенцијата „Танјуг“.

Србија ја призна Македонија под нејзиното уставно име, Република Македонија, а поголемиот дел од земјите на ЕУ како поранешна југословенска Република Македонија.

Дачиќ во изјавата за „Танјуг“ укажува дека најавата на официјално Скопје оти при гласањето за членство на Косов  во УНЕСКО ќе го има предвид ставот на мнозинството земји членки на ЕУ е директно спротивен на сите претходни изјави на македонскиот премиер Заев дека Македонија ќе биде воздржана.

Тој посочи дека Заев, освен јавните изјави на оваа тема, ставот за воздржаност го изнел и пред премиерката Барнабиќ во Трст.

Менувањето на ставот, според Дачиќ, директно ќе влијание врз добрососедските односи, кои се цел на Србија, но само врз основа на реципроцитет.