Дачиќ е човекот за журка: На Ердоган му ја распали „Осман ага“ на турски (видео)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Српскиот министер за надворешни работи повторно беше главна „ѕвезда“, овој пат, на свечената вечера во Белград, во чест на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

По настапите пред амбасадорите со „О соле мио“, пред партиските истомисленици со„Миљацка“ и „концертот“ со грчки и српски песни за наставничките во Паралија, Дачиќ среде вечерата го зеде микрофонот и почна да пее на турски јазик, што предизвика воодушевување кај присутните, над сто турски бизнисмени кои му аплаудираа во тактот на музиката.

Турскиот претседател изгледаше малку изненаден, но и тој се приклучи на аплаудирањето, додека српскиот претседател Александар Вучиќ за цело време на настапот на неговиот министер се смееше.