Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Дачија минатата година ги објави тизерите за новите модели, а сега пристигнаа и првите официјални фотографии од третата генерација на моделот Сандеро, вклучувајќи го и кросоверот Стапвеј.
Во третата генерација на Сандеро се вбројува и Сандеро Степвеј. На кратко, со минимална цена и компактни димензии, новиот Sandero носи помодерен изглед, понапредни технологии и побогата опрема. Едноставноста и сигурноста остануваат основни вредности.
И тоа е она што очигледно го бараат европските клиенти. Имено, Дачија е присутна во Европа веќе 15 години, а од 2017 година, Сандеро е најпродавано лично возило на приватни клиенти на европскиот пазар.
Со оглед на тоа дека станува збор за поевтин автомобил, фотографиите наговестуваат дека дизајнот е многу пософистициран за разлика од претходните модели.