Да се живее според очекувањата на родителите: ШТО ДА НАПРАВИТЕ АКО ТИЕ СЕ ПРЕМНОГУ ВИСОКИ ЗА ВАС?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На сите ни е познато дека за да целиме кон нешто ни требаат некои очекувања, очекувања кои би си ги поставиле самите ние, а не очекувања кои се поставени од блиски личности или приjатели. Доколку немаме очекувања за тоа што би сакале да постигнеме во животот, би тапкале во место. Барем еднаш во нашиот живот сме се запрашале што сакаме да направиме во период од пет години, сме се запрашале за нашата кариера, за тоа што што сакаме да постигнеме и кон што се стремиме.

Очекувањата кои си ги поставуваме можат да се добри бедеjќи нė прават ефикасни, нė мрдаат од место, но некогаш очекувањата можат да предизвикаат притисок и стрес, но истовремено и разочарување поради ненавремено извршување на задачите кои сме си ги поставиле или замислиле. Уште поголем е притисокот кога наместо ние да си ги поставиме целите во животот, ни ги поставуваат родителите кои само го мислат наjдоброто за нас, но сепак некогаш тие се олицетворение на нивните недоспеани соништа. Некои се однесуваат на тоа како треба да се облекуваме, колкава да ни биде телесната тежина, какви оценки да добиваме, коjа професиjа да jа одбереме, каков треба да ни биде партнерот. Уште од нашето детство се стремиме кон тоа да ги постигнеме очекувањата на родителите за тие да се гордеат со нас.

Наjпогодени се децата кои се опкружени со повеjќе браќа и сестри, со цел да бидат заприметени од нивните родители ги исполнуваат сите задачи и очекувања и се погодени од стресот коj си го создаваат на самите себе. Кога конечно ќе слушнат одобрението од родителите за нивното однесување, тие се повеќе се стремат кон тоа да ги исполнат следните очекувања на нивните родители со помисла дека тие ќе бидат нивното омилено дете, односно пример за добро дете или дете со кое би се гордееле. Но, во одреден период од животот секоj сфаќа дека не може да ги исполне очекувањата на своите родители бидеќи понекогаш тие очекувања се преголеми, дури и невозможни да се исполнат. Времето и општественото уредување во кое што живееле родителите се разликува од она во кое живее детето.

Што да направиме ако очекувањата на нашите родители се превисоки за нас?

Прво, важно е да разбереме дека она што ќе го избереме да го работиме во животот е важно, но тоа не не дефинира нас како личност. Треба да се обидеме да ги разбереме од каде доаѓаат нашите родители, каков бил нивниот живот и кои биле нивните цели во животот. Не е воопшто страшно ако заклучиме дека нашите родители, а и ние самите имаме различни идеи и очекувања. Родител како родител сака само неговото дете да успее и да биде среќно. Но, ако се увиди дека имаме различни цели, тогаш може да заклучиме дека тие сѐ уште се справуваат со сопствените очекувања. Ако сметаме дека границите кои ги поставуваат се премногу високи, тогаш треба да разговараме со родителите за тоа како се чувствуваме. Сепак, треба да поработиме на нашите комуникациски вештини за разговорот со нашите родители да биде jасен, можеби тие ќе увидат дека нивните цели не одговараат на вашите. Но, наважно од сè е да си ги преиспитаме сопствените очекувања. треба да се осигураме дека тие цели кои самите сме си ги поставиле не се премногу високи. Одлично е да се има цели, но ако постоjано вршиме притисок ќе се наоѓаме во стресна ситуациjа и повторно нема да бидеме среќни.

Бојана Максимовска

Студент на Институтот за семејни студии

Извадок од списанието VOX