Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Откако една мечка ги нападнала 59-годишниот Фабио Мисерони и неговиот 28-годишен син, Кристијан, за време на нивна прошетка минатиот понеделник, италијанските власти решија да ја заловат и егзекутираат мечката. Животното го гризнала синот, а му ја скршил ногата на татко му, пред да избега.
Правилата на Националниот институт за заштита на животната средина во Италија велат дека мечките што ги напаѓаат луѓето треба да бидат усмртени. Гувернерот на Трентино, Маурицио Фугати, ја потпиша наредбата за фаќање и убивање на мечката. Но, активистите за заштита на животните побараа мечката да не биде убиена и прво да се разјаснат околностите на инцидентот. 16.000 луѓе потпишаа петиција за да ја спасат мечката.
Дури и министерот за животна средина Серхио Коста, напиша писмо во одбрана на животното.
Под прашањето „Да се застрела или не“, Италија одлучува за судбината на оваа мечка.