Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Финалниот меч од Купот Судамерикана никогаш нема да биде одигран. Мнозинството од играчите на Чапекоенсе пред неколку дена трагично го загубија животот откако авионот кој ги превезуваше до Колумбија наместо да ги однесе на финалето ги однесе во смрт.
Синоќа на стадионот на Атлетико Насионал, коллумбискиот финалист, каде требаше да се одржи финалето беше одржан помен во чест на загинатите.
„Никогаш нема да ги заборавиме шампионите“, пееја навивачите на Национал, а симболично беа пуштени 71 гулаб, колку што имаше загинати во авионот.
Неколкумина фудбалери беа доволно среќни да го испуштат летот и да преживеат, па синоќа се појавија и продефилираа на стадионот!