Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Принцот Вилијам одлучи да побегне од кралските должности и малку да се забавува со своето машко друштво.
Но, изгледа дека на момците, сепак, им недостасувало женско присуство, па принцот бил виден како ужива во блиска дружба со убава австралиска манекенка за време на својот скијачки одмор, додека остатокот од кралското семејство остана дома и се посвети на своите обврски и должности.
Принцот Вилијам дома ги остави војвотката Кејт и нивните две деца, принцот Џорџ и принцезата Шарлот, и додека тие го чекаа дома, 34-годишниот кралски наследник ужива во швајцарскиот ски центар, каде беше виден како мерачи Јегер со австралиската манекенка Софи Тејлор.
Атрактивната 24-годишна манекенка и нејзините пријателки им се придружиле на идниот крал и неговото друштво, за време на посетата на еден ресторан, каде биле видени како заедно се забавуваат и уживаат во меѓусебното дружење.
Британската јавност веднаш ја заинтригира убавата манекенка, па така брзо се дозна дека таа работи во локален ноќен клуб, а претходно работела во една австралиска модна агенција, но изгледа моментално е без моден ангажман.
Софи е во врска со Арон Гудфелоу, за кој тврди дека е љубовта на нејзиниот живот. Сепак, него го немаше на дружбата со британскиот принц, а како што тврдат очевидците, на Вилијам, Софи и друштвото им се придружил и газдата на ноќниот клуб во кој се забавувале, Гај Пели, како и уште двајца добри пријатели од принцот.