Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сите ја имаме таа пријателка која секогаш повторува како сите мажи се ужасни и како прават ова или она. Во реалноста, секако, работите не се такви. Сигурно не е секој маж на светот ужасен. Не ги бранам мажите, ги бранам скршените женски срца.
Не верувам премногу вo никакви закони за привлечност, но верувам дека доколку се фокусираш на само една рабтоа, тогаш таа работа и ја гледаш. Ќе бидеш во автобус и ќе видиш маж кој ти досадува, додека нема да ги видиш останатите 75 мажи. Ова може да биде прилично напорно на состаноците, ако ги воочувате само оние мажи кои се проблематични.
Ако сте во врска со маж кој спрема вас се однесува лошо, време да ја процените вашата врска и начинот на кој размислувате за мажите.
А што кога некој ќе каже дека сите жени се исти? Знам дека не е исто. Јас сум бесна феминистка, па на ова гледам со внимание. Како ни се допаѓа кога мажот или жената ќе каже дека сите жени се многу осетливи или дека сите жени се луди. Го мразиме тоа бидејќи не е вистина. Нема шанси сите жени да се исти, баш како што и сите мажи не се исти во било кој поглед.
Вистина е дека постојат многу добри мажи на светот. Знам бидејќи и јас некогаш мислев дека сите мажи се исти, а тогаш си дозволив размислување дека не се сите ужасни.
Одма почнав да ги запознавам оние добрите и љубезните мажи. Да постојат добри мажи на светот и би било нас од помош да станеме свесни за тоа. Сеедно, постојат и оние кои не се толку добри и прават ужасно работи и не смееме да го криеме тоа. Секогаш постои одредена причина зошто жените велат дека мажите се лоши како на пример можеби доживеале некој вид насилство и тоа не смее да се избрише.
Другата вистина е дека сексизмот и понатаму постои. Мажите и понатаму силуваат. Оваа е ужасна вистина за која треба да се зборува. Но, ниту овде не треба да се генерализира. Дури и ако сте искусиле некакво насилство, немојте да мислите дека сите мажи се насилни.
За сите вас кои не сакате мажи и кои зборувате дека сите мажи се исти и ужасни, тоа и нема да ви помогне многу. Да ги заборавиме мажите на секунда и како се чувствуваат тие поради тоа што го зборувате. Да се фокусираме на вас. Ги гледате само лошите, а така се оддалечувате од прекрасните.
Извор: Thought Catalog