Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Преправен во дух како во некој евтин хорор филм, покриен со бел чаршаф на главата, крадец влегува во кафе-бар во село Јанчиште, од каде што успеал да одземе околу 70.000 денари.
Си заминал задоволен од локалот, во кој има поставено и апарати за игри на среќа, мислејќи дека никој не го забележал и дека нема да биде откриен. Но филмската кражба ја снимила безбедносната камера во локалот од која има видеозаписи од неколку агли на објектот, пренесува Мкд.мк.
Безбедносната камера го снимила крадецот. Тој е покриен со чаршаф, но сепак надвор покрај местото оди немаскиран.
Еден агол од безбедносната камера го снимил ликот на крадецот, а пред да влезе во објектот тој се покрива со бел чаршаф, ја отвора вратата од објектот без да ја допира кваката и тргнува по парите. Откако ги краде, си заминува.
Неколку дена пред кражбата бил гостин во објектот и седел до затворањето на местото.
Ги следел вработените што прават и каде го оставаат прометот, како и дали и каде е поставена безбедносната камера. Но очигледно дека не забележал оти камера освен во локалот имало и во надворешниот дел, каде што поминал немаскиран, и по што е идентификуван и фатен. Ги вратил и парите што ги украл.
„На 9 јануари во 8 часот, Д.С (30) од Јанчиште пријавил дека во објект кафе-бар каде што имало поставено и апарати за игри на среќа ноќта во период од 1:30 до 7:20 часот непознато лице извршило кражба во објектот. Прво ја отворил влезната врата, а потоа отворил еден од автоматите за игри на среќа. Од паричник поставен во апаратот одзел 67.140 денари, дел во евра и дел во денари”, информираат од СВР Тетово.
Нешто подоцна околу 13 часот поради сомнение дека е извршител на кражбата приведено е 45-годишно лице од истото село.