Да не беше трагично, ќе беше смешно: Теута Арифи допрва „ќе го прави Тетово модерно“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На партиска средба на ДУИ во Тетово партијата донесе официјална одлука Теута Арифи повторно да биде кандидат за градоначалник на Тетово.

„Бидејќи веќе осум години сум градоначалник на Тетово, ги знам проблемите и предизвиците подобро од било кој друг. Така знам што останува да се направи. Научив дека не можеме да ја постигнеме оваа мисија поинаку, освен заедно. Заедно со вас, со нашите пријатели, со поддршка на централната власт и заедно со граѓаните“, напиша Арифи на фејсбук.

Таа порача дека има да заврши уште многу работа.

„Овие избори не се за мене, овие избори се за нас. За нас како ДУИ, а уште повеќе за нас како граѓани на Тетово. Сега е време да го подготвиме Тетово за во иднина, со инвестиции во гасификација, со еколошка инфраструктура – модерно Тетово, што ќе не направи горди не само како метропола на регионот, туку и како чист и зелен град за идните генерации“, истакна Арифи.