Да му побарал, ќе му дадел: Со измама се обидел да извлече 5 милиони долари од Бренсон


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Милијардерот Ричард Бренсон бил мета на измамник, кој се претставил како британскиот министер за одбрана, Мајкл Фалон, во обид да го убеди да даде пет милиони долари, наводно за тајно плаќање откуп.

По шест месеци Бренсон дознал дека тој човек подоцна се претставувал и како него самиот, за да украде два милиона долари од негов пријател.

„Таа приказна звучи како да е од филм за Џејмс Бонд, но за жал е целосна вистинита“, напиша на својот блог Брансон, еден од најпознатите британски бизнисмени.

„Тие тврделе дека сум немал пристап до својата банка во Велика Британија, оти не сум имал никаква конекција со Европа и едвај по сателитски телефон, сум успеал да се јавам само на тој бизнисмен (кој живее) во Америка. Бизнисменот бил неверојатно срдечен и дал два милиона долари, коишто брзо исчезнале“, раскажува Бренсон.

Измамникот пред шест месеци го контактирал Бренсон, замолувајќи го да биде дел од тајна владина операција, при што ќе бидат искористени негови пари за откуп, а потоа „Владата ќе најдела начин да му ги врати“, раскажува бизнисменот.

Секако, потоа следела проверка во највисоките инстанци, па случајот бил пријавен в полиција.