Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Светското шаховско првенство кое ќе се одржи во 2018 година има лого кое, во најмала рака, е контроверзно и иницира асоцијации кои упатуваат на сè, само на шах не. Добро, можеби малку и на шах.
Двајца мажи, со испреплетени нозе, седат на подот и играат шах – таков е изгледот на логото од Светско шаховско првенство 2018 кое многумина ги остави без зборови, со едно единствено прашање во глава: Зошто, по ѓаволите, илустрацијата има толкав сексуален аспект?
И додека некои се тешат дека на дизајнерите можеби тоа не им било намера, стигна и објаснување дикретно од авторите. Да, тоа е она што сите го гледате. И не, воопшто не е случајност. Напротив, луѓето кои стојат зад дизајнот на логото и тоа како се горди на својата идеја и на делото.
„Логото за Светското шаховско првенство 2018 е контроверзно и модерно, баш како и Host City (најголемото натпреварување на градови и спортови“, велат авторите. Ако уште мислите дека тука станува збор за подметнување, Светската шаховска организација совршено ја опиша тежината на дизајнот: „Ретко размислуваме за брендот Светско првенство во шах, бидејќи повеќе сме заинтересирани за играчите и драмата на самата игра. Но, натпреварот, крајното случување кое дефинира кој е најпаметна личност на планетата, има многу поширока привлечност од шаховските експерти. Тоа влијае на публиката, работата, и секако, на дизајнот“.
На Твитер веднаш паднаа шеги на сметка на новото шаховско лого за првенството. Некои, пак, воочија неверојатна сличност со логото и сцените од серијата стрипови Betty and Veronica.
За среќа, направена е и друга верзија на логотипот, во случај да одбивате да поверувате дека ова не е само мудра оптичка илузија.
Во секој случај, целта е постигната – светот на големо размислува и зборува за шахот, независно поради која причина.