Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според статистичките податоци кои ги собра Институтот за економски анализи Finance Think, од вкупното македонско население само една третина успева да ги задоволи сите потреби или да заштеди дел од својот доход.
Онлајн анкетата спроведена лани на 1.133 испитаници покажува поразителни податоци за сиромаштијата во Македонија.
Според анкетата 69 отсто од граѓаните не можат да си дозволат да одат на одмор или патување еднаш годишно; 91 отсто не можат да си дозволат козметички третман или масажа еднаш месечно; 78 отсто не можат да си дозволат да купат ново парче облека или обувки еднаш месечно; 4 отсто не можат да си дозволат ништо; 76 отсто не можат да возат автомобил секој ден; 68 отсто не можат да си дозволат театар или кино еднаш месечно, а 59 отсто не можат да си дозволат да јадат во ресторан еднаш месечно.
Истражувањето покажа дека само една третина од населението успева да ги задоволи сите потреби или да заштеди дел од својот доход, дека 42,1 отсто успеваат да ги задоволат само потребите за храна и сметки, а 28 отсто не успеваат ниту тоа.