Д3 – витамин кој е исклучително важен во битката против коронавирусот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Ниското ниво на витамин Д3 може да го зголеми ризикот од инфекција од коронавирус или да доведе до потешка форма на болеста.

Витаминот Д3 покрај големото влијание кое го има на имунитетот е врзан и со коскениот систем, затоа е толку важен за организмот. Ниската вредност на витаминот Д3 може да предизвика болка во коските и зглобовите, како и слабост во мускулите, а кај луѓето над 50 години го зголемува ризикот од пад и скршеници на коските.

Проценките на експертите се дека од 30 до 50 проценти од популацијата има дефицит на витаминот Д во организмот, кој често не се препознава клинички, се наведува во соопштението на здружението за развој на медицинска едукација.

Витаминот Д3 заедно со витаминот К2 се смета за една од најважните алки кога се работи за остеопорозата кај жените, особено во периодот на менопауза, кога нивото на естроген е значително помал.