Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако утрово д-р Виктор Камнар си поднесе оставка од раководната позиција на Клиниката за ортопедија, истата, која е дел од Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), остана без раководител.
Како што пренесува телевизијата, оставката Камнар ја поднел од лични причини.
Камнар раководеше со оваа установа повеќе од три години и за тоа време успеа на операционите сали да им даде нов лик, односно, по повеќе децении беше реновиран хируршкиот блок на ортопедија.
Кој ќе го наследи Камнар на раководната позиција засега не е познато.