Музика

Cyrillic со „хаус“ ремикс на „Proud“ од Тамара – верзија која ги запали светските музички канали

Електронското дуо Андреј Иваноски и Бојан Иваноски познати како Cyrillic направија ремикс верзија на евровизиската песна „Proud“ на Тамара Тодевска. Ремиксот сега е објавен и на YouTube каналот CDeep, канал кој важи за еден од најголемите музички канали за Deep House музика.

Автори на оригиналот се Дарко Димитров, Роберт Билбилов и Лазар Цветкоски, на текстот Коста Петров, а новиот ремикс звучи сосема поинаку од оригиналот. Да се потсетиме оригиналот го доби првото место од стручното жири на Евросонг.

Оваа верзија на Proud е опишана како „вистинско освежување“ и „летен хит“ од фановите на deep house музиката. За неполни 24 часа песната достигна 19.000 прегледи на YouTube.

Advertisements
To Top