Црна глетка: Стотици китови на Нов Зеланд починаа поради насукување (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Повеќе стотици граѓани на Нов Зеланд учествуваат во акцијата за спасување на китовите кои се насукале на брегот на Фервел Спит на Јужниот Остров, пишува BBC.

Насукани се 416 кита, а досега умреле повеќе од 300, што е најлошиот ваков случај на Нов Зеланд. Граѓаните ги ладат и смируваат преживеаните китови, а направен е и човечки синџир.

Научниците не знаат зошто толку многу китови се насукале. BBC пишува дека некогаш се случува старите, болните или повредените китови да направат грешка во навигацијата и да влезат во плитка вода од која не можат да излезат. Постојат и случаи еден од нив кој ќе се најде во таква ситуација да им испрати сигнал на други кои потоа завршуваат како него.

Властите соопштија дека информацијата за насукувањето на китовите ја добиле синоќа, но дека операцијата за спасување не почнала до утринава, бидејќи било преопасно да се прави што било во мракот.

Успеавме да вратиме неколку китови, но има многу мртви во плитката вода. Тоа е многу, многу тажно. Едно од убавите нешта е што неколку китови успеавме да вратиме во подлабоката вода, а нивните младенчиња ги следеа, вели волонтерката Ана Вајлс.

Невладините организации за заштита на животните наведуваат дека Нов Зеланд има една од највисоките стапки во светот, околу 300 делфини и китови секоја година завршуваат на плажите, а повеќето од тие случаи се токму на Фервел Спит.

Експертите тврдат дека плитката вода ги буни китовите и ја залажува нивната способност за навигација.

Во февруари 2015 околу 200 китови се насукаа на истата локација, а умреа речиси половина од нив.