Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Долгоочекуваната филмска адаптација на познатиот роман „Crazy Rich Asians“ пред пет дена беше премиерно прикажана во американските кино сали, а изминатиот викенд филмот беше најгледано филмско остварување во САД и Канада.
Романтичната комедија во која главните улоги ги толкуваат Констанс Ву и Хенри Голдинг е прва која во изминативе три години се искачи на врвот на најгледани филмови во Америка. Филмот кој чини скоро 30 милиони долари досега веќе заработи 34 милиони.
„Crazy Rich Asians“, според оваа тенденција и динамика, би можел да биде најпопуларен холивудски филм од „The Joy Luck Club“ од пред 25 години во кој глумат само Азијати и Азијатки.
Романтичната комедија ја режираше Џон М. Чу, а порај Ву и Голдинг, во филмот глумат и Мајкл Јео, Гема Чан, Оквафина Кен Јеонг, Џими О. Јанг и други.
Првенецот на сценаристот Кевин Квану Сулудо донесува забавна приказна за три многу богати кинески семејства од Сингапур кои запаѓаат во разни сплетки кога Николас Јанг, наследник на едно од најголемите богатства во Азија, ја носи дома својата девојка, Кинескиња родена во САД. Таа набрзо открива дека неговото семејство е многу богато, а тој би можел да биде најпосакуваниот ерген во Азија.