Costa Venezia: Гигантски „крузер“ со капацитет од 5.200 патници


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Италијанскиот гигант во изградбата на туристички бродови за крстарења, Fincantieri, го лансираше новиот фантастичен туристички крстосувач Costa Venezia, кој има капацитет од над 5.220 гости.

Гигантскиот „крузер“ е долг 321 метри и тежи 135.500 тона, со што се смета за еден од најголемите кои ќе бидат извезени на кинескиот пазар.

Внатрешноста на бродот е инспирирана од Венеција, која според дизајнерите, треба да ја оживее страста на венецијанската и италијанска култура.

Туристичкиот крстосувач своето прво патување ќе го почна на осми март и ќе тргне на 53-дневно патување.

За време на овој период, ќе мине по траекторијата што ја минал Марко Поло од Медитеранот до Блискиот Исток, преку југоисточна Азија до Далечниот Исток.