Advertisements
Музика

Conspiracy го објавува својот прв албум „Dehumanized”

Македонскиот треш-метал бенд CONSPIRACY (Конспираси) кој важи за еден од најнадежните нови претставници на жанрот во земјава, го објавува својот студиски првенец! Албумот насловен „Dehumanized” е снимен во студиото „Enterprise Recording Studios”, под менторство на Валентино Скендеровски, а излегува денеска, под етикетата на „Пасворд продакшн” што воедно е дел од наградата која групата CONSPIRACY ја освои како победник на „Лузер Фест”.

По победата на овој настан организиран во рамки на скопскиот „Таксират” фестивал во 2017-та година и по многу часови поминати во студио, со отсвирени рифови и сменети аранжмани, лани на следното издание на „Лузер фест”, Conspiracy и во живо ги претставија песните од „Dehumanized”. Уште од самиот почеток на нивната кариера во 2016-та година, „Conspiracy” својата музика веќе ја промовирале во живо на повеќе настани низ Македонија и досега имаат повеќе од 30 настапи зад себе. Членови на бендот се: Стефан Трајкоски (вокал, ритам гитара), Давор Капац (соло гитара), Иван Димишков (тапани) и Милош Благоевиќ (бас гитара).

Вечерва (четврток, 13-ти јуни), со почеток во 20:00 часот и со слободен влез за сите посетители, ќе се одржи официјалната промоција на албумот, во просториите на „Пасворд Продакшн” во Скопје.

Advertisements

Најпопуларно

To Top