Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кој друг, ако не Русите. Светската моќна воена сила го претстави моментално најголемиот хеликоптер на светот.
Во московската фабрика за хеликоптери „Милј“ (МВЗ) прв пат е преставен воениот транспортен хеликоптер Ми-26 Т2В. Изработен по порачка на руските Воздушно-вселенски сили, овој примерок е најновата модификација на најголемиот хеликоптер на светот.
„Ми-26“чии производител на фабриката „Ростверол“ од Ростов на Дон се смета за најголемиот транспортен хеликоптер на светот. Хеликоптер сличен на Ми-26 се произведува уште само во САД, но со многу помала носивост.
Хеликоптерот Ми -26 прв пат е произведен уште во седумдесеттите години на 20 век бил замена за тешкиот хеликоптер Ми – 6, од тогаш па се до денеска хеликоптерот се модернизира и сега е вистинско супер летало.
Должината на овој неверојатен хеликоптер изнесува цели 40 метри, може да полета со тежина од 56 тони, широчината на просторот за товар е 3,2 метри и има простор од 11 кубни метри, може да се смести воен камион „Урал“.
Хеликоптерот може да носи до 20 тони товар во кабината или на надворешна сајла, носивоста на американскиот хеликоптер „Сикорси“ ЦХ-53Е е нешто помала од 14 тони во кабината, а на надворешната сајла 14,5 тони.
Огромниот воен транспортен хеликоптер може да прими 85 војници од пешадија , до 70 падобранци со полна опрема или 60 ранети на носила.
Два турбомлазни мотори со сила од 11.000 коњски сили го осигуруваат подигнувањето на хеликоптерот во воздух. Моторите се опремени со ротори со дијаметар од 32 метри со осум елиси.