Чудо во Ерусалим: Христос ги отвори очите на светиот крст во Голота – се стравува дека тоа е лош знак (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За православните христијани појавата на чудо претставува знак за присуството на Бог секогаш и секаде. Се верува дека Бог преку нив ни се обраќа, но и дека дава одредени предупредувања.

Овде можете да го погледнете фотографијата од светиот крст во Голота во храмот Гробот Господов во Ерусалим која е направена пред неколку дена. Имено, како што тврдат руските медиуми, наводно на неа може да се види како Спасителот го отвори очите.

Информацијата која пристигна е наводно потврдена од страна на сестрите во манастирот во Светата Земја и како што се тврди ова не е прворо чудо кое се случило во последно време во Ерусалим.

1 Обична хартиена икона која обилно мироточи, на која е насликан Спасителот со отворени очи се наоѓа во Витлеем и ја чува игуменот на Горненскиот манастир Ѓеорѓиј.

2. Една од сестрите преживеа опасна болест и ние сите се молевме за нејзино оздравување. Ние воочивме, кога се молевме и гледавме во иконата на Богородица дека таа ги отвори очите. Сега таа икона е оштетена од пожар, раскажува една од сестрите во манастирот.