Чудо од Ла Масија: Дете на Барса постигна феноменален гол… два пати (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Барселона ја има една од најдобрите фудбалски академии во светот.

Од „Ла Масија“ се излезени големи фудбалски имиња како Лео Меси, Андрес Иниста, Чави, но и во моментов има многу таленти кои „растат“ во таа школа.

Еден од нив е Хенис Торејес од тимот на Барса до 12 години. Тој во моментов е главна тема во Шпанија бидејќи направи нешто исклучително.

Имено, во 11-та минута го лобоваше противничкиот голман со феноменален шут скоро од центар, а само една минута подоцна покажа дека тоа не било случајно и постигна апсолутно ист гол на истиот начин.