Со чудниот градник кој го иновираше во еден ден заработи цела годишна плата


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Повеќето тинејџерки одвај чекаат да завршат средно училиште и да уживаат во летото пред почетокот на факултетското образование. Но, не и Аргилика Кондицис од Сиднеј, која летото го искористи за дизајнирање на рачно изработени чевли кои ги продава на Фејсубк. Сè започна пред пет години, кога денес 24-годишната Аргилика видела на Tumblr пар чизми кои многу ѝ се допаднале.

„Пребарав секаде и никаде не можев да ги најдам, па купив пар обични чизми и сама си ги излепив со кристали. Луѓето на улица ме застануваа и ме прашуваа каде сум ги купила. Потоа една пријателка ме праша дали може да купи еден пар од мене и набрзо почнав да права уште такви чизми“, раскажува за Daily Mail Australia.

A post shared by Argylica (@argybaby) on

Набрзо нејзините чизми се најдоа на интернет под името Babyboo, а во само неколку месеци над 100.000 луѓе ја „лајкнаа“ нејзината Фејсбук страна.

„Дотогаш веќе почнав да студирам графички дизајн, но ова беше мојата искрена страс. Морав да донесам одлука дали сакам да го проширам својот бизнис или да останам на факултет. Одлуката да се откажам од факултетот беше најдобрата која сум ја донела во животот“, вели девојката.

Наскоро таа веќе не продавала само чизми, туку и облека и модни додатоци, а ѝ притребала и помош за водење на компанијата. Поради тоа, нејзиниот три години помлад брат исто како неа се откажа од факултетот и почна да работи со неа.

„Тој е многу важен во сето ова, бидејќи се грижи за маркетингот и донесува одлуки за делувањето на компанијата “, вели дизајнерката. „Навистина добро соработуваме. Сега имаме тим од 12 луѓе кои постојано работат на стилизирање, дизајн, маркетинг и снимање. Многу сме зафатени“, објаснува Кондицис.

Токму нејзината модна куќа стои зад необичниот градник по кој денес лудуваат сите старлети, а кој во секунда ги „зголемува“ градите.

„Видеото со кое на Фејсбук го претставив градникот досега е прегледано 15 милиони пати. Од почетокот знаев дека ќе биде хит. Долго сум во индустријата и знам со што имаат жените проблем. Знаев дека ќе биде корисен за многу од нив, посебно за оние кои ми пишуваа дека не можат да си најдат градник во кој ќе изгледаат добро под лесните фустани“, вели таа.

Аргилика тврди дека нејзина главна мисија е да ги зајакне жените со силни модни парчиња. Признава дека самата таа неретко се соочува со предрасудите бидејќи се откажала од факултет.

A post shared by Argylica (@argybaby) on

„Дефинитивно не би рекла дека е лесно, но никогаш нема да им го признаам тоа на луѓето. Гледам дека ме гледаат поинаку во деловните кругови и соработки бидејќи сум жена, па тврдат дека јас нешто не можам, што ме демотивира повеќе од било што“, додава.

Целта ѝ е да собере 700.000 пријатели на Инстаграм оваа година, но не сака нејзиниот бренд да се сведе на брзо производство на нови трендови.

A post shared by Argylica (@argybaby) on

„Парчињата кои ги продаваме се уникатни, кога ќе влезете со нив во некоја просторија, ги привлекувате погледите. Луѓето прашуваат од каде сте ги купиле. Тоа е она што сакаме да им го пружиме на нашите муштерии“, објаснува Аргилика.

„Само оваа година продажбата ни порасна за 300 насто, или поточно – она што некогаш сум го заработувала во една година, сега го заработувам во еден ден. Се гордеам на тоа што го имам постигнато и планирам наскоро да го освојам светот“, заклучува храбрата и креативна девојка.