Чудна зависност: Пакистанец е зависен од јадење камења (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пакистанецот Лиакуат Али отворено признава дека камењата веќе 12 години му се омилено јадење на дневното мени, како и дека планира да престане да ги консумира истите.

Али има секојдневна рутина да дроби камења и да ги џвака како најнормално јадење. Дневно консумира најмалку 150 грама дробени камења.

„Почнав да јадам камења пред 12 години. Тоа стана моја животна навика и немам никакви здравствени проблем поради тоа“, вели Лиакуат кој страда од пика нарушување, потреба за јадење на работи кои не се за јадење.

Тврди дека забите му се во одлична состојба и дека нема никаква причина за грижа. Но неговото семејство сепак е загрижено и веќе со години се обидува да го одвикне од оваа бизарна навика. Неговиот најстар син признава дека не му се допаѓа тоа што татко му јаде камења, но и дека е невозможно сега да го одвикнат од тоа.

Лиакуат заклучува: „Како што некои се зависни од пиење и пушење, така јас сум зависен од јадење камења“, вели Пакистанецот.