Човекот со најголеми стапала на светот се поднови со нови обувки


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Венецуелецот Џејсон Родригез има големина на стапала со конфекциски број за обувки 68. Бидејќи има потреба од специјално изработени чевли само за него, изминативе пет години чевлите му ги изработуваше чевлар од германскиот град Вреден, недалеку од холандската граница.

Левото стапало на 22-годишниот Родригез е долго 40,55 сантиметри, а десното 40,57 сантиметри. Според Гинисовата книга на рекорди, тој е сопственик на најдолгите стапала на светот.

Родригез, кој е висок 220 сантиметри, оваа недела за прв пат лично го посети својот чевлар Џорџ Вселес.

Интересно е дека за 22-годишниот Родригез ова беше и прво излегување од родната држава воопшто. Тој изјави дека е среќен што има шанса да ја посети Европа и се врати дома со своите најнови чевли.