Човекот не е роден да биде МОНОГАМЕН, тоа е измислица.. Зошто жените изневеруваат?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


За машките неверства се знае се, додека женскиот таен љубовен живот, и натаму многу тешко се простува.

Зошто жените всушност изневеруваат? Четири жени објаснија во кои ситуации го сториле тоа.

ЉУБОВНИК КАКО ОСВЕТА

„Знаев дека сопругот веќе со години ме изневерува, каде и да стигне, па одлучив и јас да го изневерам него. Дословно донесов одлука некој да најдам. Сепак, работите се искомплицираа. Додека мојот сопруг неверството го доживуваше како некој спорт или хоби, јас во својот љубовник се заљубив и бев на работ да го оставам сопругот. Кога дозна, ми приреди пекол. Тоа што најмногу ме разлути беше што нему неговите авантури му беа речиси како нешто што се подразбира, додека моето неверство го доживеа како крај на светот. Не се разведовме поради децата, но не ми е жал што го изневерив. Потоа малку се смири што се однесува до неверствата“. Марија, 34

ЉУБОВНИК КОЛЕГА

„Почна со средби на пауза за цигара пред фирмата. Марко беше нов колега, висок и згоден маж поради кого се тресеа сите соло жени во канцеларијата. Мене тоа како среќно омажена жена ми беше симпатично, дури се обидов да спојам една колешка со него. Ми се допадна бидејќи не беше импресиониран од нивното внимание, како воопшто да не сфаќаше колку е згоден. Наместо со нив, паузите за ручек со задоволство ги минуваше со мене и малку по малку се случи таа хемија. Тоа ми беше најубаво и највозбудливо, но и најлошо искуство во животот. Започнавме љубовна врска, сите се сомневаа, а јас не знаев што да правам. Знам дека ќе звучи лицемерно, но го сакав и се уште го сакам својот сопруг. Но, се омажив на 20 години и по 12 години брак просто ме повлече целото тоа возбудување и сексуална напнатост од новиот однос. Се гледавме три месеци, а потоа јас прекинав. Не можев да го погледнам својот сопруг во очи, ужасно ме печеше грижа на совест. Добрата работа е што успеавме да останеме пријатели и да не се чувствувам непријатно на работа, која мојот бивши љубовник ми е во близина. И тој во меѓувреме се ожени, па сега се шегувам како повторно ќе се сплеткаме во старечки дом“. Франка, 32

ЉУБОВНИЦИ – множина

„Убедена сум дека човекот не е проектиран да биде моногамен, тоа е наша измислица и луѓето со векови веќе се мачат со своите помалку или повеќе успешни обиди да останат верни. Јас рано сфатив дека моногамијата не е за мене, но можам во главата да разликувам секс од емоција така што имам постојан дечко веќе пет години и неколку љубовници со кои повремено се гледам, исклучиво поради физички потреби. И немам грижа на совет поради тоа. Она за кое не се знае, не боли“! Миа, 28

ЉУБОВНИК ОД МЛАДОСТА

„На факултет имав кратка афера со Јерко, презгоден и предобро граден Далматинец за кој патеа сите девојки на мои години. Ме остави по 2 недели бидејќи се заљуби во друга, па во трета… Во суштина прилично го искористуваше својот статус на посакуван фраер, а јас уште со месец и страдав надевајќи се дека повторно ќе ме посака. И точно, осум години подоцна, кога случајно се сретнавме во Загреб, каде двајцата студиравме, а јас останав да живеам и се омажив. Ме повика на кафе да го надокнадиме изгубеното време, но штом седнав знаев дека тоа е грешка. Се чувствував како повторно да имам 18, а тој ме опсипуваше со комплименти. Испивме шише вино и завршивме во некоја соба. Нашата врска и денес, пет месеци подоцна трае. Всушност тоа не е врска, туку сексуална средба која ќе се случи кога тој е во градот. Помеѓу тоа речиси и да нема комуникација, тука и таму некоја жешка порака. Мислам дека наскоро ќе морам да прекинам бидејќи се чувствувам дека се заљубувам, а и мојот сопруг забележа дека со мене нешто се случува. Јерско секако ништо не поттикна. И натаму е играч на кој не можеш да се потрпеш“. Мајда, 34