Човекот кој се нема искапено цели 67 години


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


87-годишниот Иранец Аму Јаџи се нема искапено цели 67 години и преживува јадејќи тела на животни покрај патот, но збунетите научници тврдат дека е во добра здравствена состојба, пренесува Мирор.

Јаџи, кој ја носи титулата за највалкан човек на светот, тврди дека не се капел со децении бидејќи верува дека тоа ќе му донесе лоша среќа и на крајот ќе го убие.

Исхраната на постариот маж, наводно, се состои главно од сурово месо од мртви животни, вклучително и бодликави свињи. Пие вода директно од барата на улицата.

Според локалните медиуми, неговиот необичен начин на живот му отежнува да најде пријатели и секако жени кои би биле со него.

Едно од неговите омилени хоби е „пушење луле исполнето со животински измет“, што дефинитивно не му помага на неговиот социјален живот.

Сепак, лекарите кои го посетиле во колибата во селото Дејга во Иран направиле неколку тестови и рекле дека Јаџи и покрај начинот на живот е изненадувачки здрав и нема посериозни болести.

Експертите се интересирале кои организми живеат на неговото тело, но и покрај нехигиената, не успеале да пронајдат паразити.

Професорот д-р Голамреза Молави ги направил тестовите и се сомнева дека Јаџи останал здрав бидејќи развил исклучително силен имунолошки систем.

Мештаните од неговото село биле толку импресионирани од неговата упорност што му изградиле мала колиба како алтернатива на буквалната дупка во која вообичаено живеел.